Солени палачинки кои освојуваат на првиот залак

Солени палачинки кои освојуваат на првиот залак

Јадење кое освојува со вкус!

Состојки за палачинки:

  • 250 гр брашно
  • 3 јајца
  • 500 мл млеко
  • 250 мл вода
  • 3 лажици масло

Состојки за фил:

  • 200 гр пршута Пекабеско
  • 200 гр кашкавал

Состојки за поховање:

  • 3 јајца
  • 100 гр пченкарен гриз

Начин на подготовка:

  1. Разматете тесто за палачинки, и ако е прегусто по потреба додајте уште малку вода. Испечете палачинки, па оставете ги да се изладат.
  2. Пршутата исечкајте ја. На секоја палачинка наредете листови кашкавал и малку пршута и замотајте.
  3. Свитканите палачинки спуштајте ги во разматени јајца, па во пченкарен гриз и пржете ги на врело масло.

 

Послужете и уживајте!

 

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)