Како да подготвите класичен оброк од печено пилешко со компири, а притоа да не ја извалкате цела кујна?
Познатата готвачка Дона Хеј открива прекрасен рецепт за крцкаво пилешко со мајчина душица, сенф и мед.
Состојки:
- 1 лажичка маслиново масло
- 4 пилешки батаци со карабатак (1 кг)
- морска сол
- свежо мелен црн бибер
- 250 гр тенко сечкана сланина
- 600 гр мали млади компири, исечкани на половинки (може и друг вид компир)
- 1 шолја павлака за готвење
- 1/3 шолја сенф
- 1 лажичка мед
- 1 шолја вода
- 6 гранчиња мајчина душица
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Загрејте масло на силен оган во плех или во сад кој може да го собере во рерна. Посолете и побиберете го пилешкото, печете по 4 минути од секоја страна или додека не позлати. Тргнете го пилешкото од садот и оставете го на страна.
- Додајте сланина и компири и гответе 6 минути или додека не позлатат. Додајте павлака за готвење, сенф, мед и вода во садот и откако добро ќе измешате вратете го пилешкото во садот. Кога ќе проврие, поклопете го садот.
- Ставете го поклопениот сад во рерна на 10 минути. Потоа тргнете го капакот и гответе дополнителни 10 минути или додека пилешкото не позлати, а компирите во целост ќе бидат зготвени.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна