Брзо соелно предјадење: Посен ролат со обланди и туна

Брзо соелно предјадење: Посен ролат со обланди и туна

За посна варијанта, филот е на база на туна, а можете да ја замените и со рендана шунка.

Состојки:

  • 1 лист обланда
  • 1 конзерва Тимко туна
  • 3 поголеми кисели краставички
  • 2 лажици препечен сусам
  • 100 гр маргарин

Начин на подготовка:

  1. Обландата свиткајте ја во влажна крпа да омекне.
  2. Маргаринот разматете го, додајте исцедена туна и пропржен сусам, матете уште малку па додајте ситно сечкани краставички. Сè убаво измешајте. По желба додајте магдонос и малку компир.
  3. Филувајте ја обландата и свиткајте ја. Свиткајте во алу фолија и оставете да отстои најмалку 24 часа во фрижидер пред послужување.

 

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство