Крцкаво похована моцарела

Крцкаво похована моцарела

Идеално предјадење, а ако го послужите со сезонска салата имате комплетен оброк!

Состојки:

  • 300 гр свежа моцарела
  • 1 јајце
  • 1,5 шолја презла
  • 1/2 шолја брашно
  • 2 лажички лук во прав
  • 1 шолја доматен сос
  • масло
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте ја моцарелата на парчиња. Во еден сад разматете јајца, во друг ставете брашно, а во трет презла измешана со лук во прав и сол.
  2. Парчињата моцарела прво извалкајте ги во брашно, па во јајца, а потоа во презла.
  3. Ставете ги парчињата на чинија и оиставете ги да се изладат околу еден час во фрижидер.
  4. Пржете ја моцарелата во загреано масло. Сервирајте со подгреан доматен сос.

 

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука