Едно е сигурно – ќе го обожавате ова фантастично јадење!
Состојки:
- 8 шницли
- сол
- бибер
- 2 полни лажици брашно
- 2 полни лажици сусам
- масло
- 700 мл супа или супа направена од говедски коцки
- лист магдонос
Начин на подготовка:
- Шницлите исчукајте ги како за поховање, па додајте сол и бибер од едната страна. Загрејте масло во тава, 100 – 150 мл. Загрејте помеѓу среден и силен оган.
- Секоја шницла извалкајте ја во брашно и пржете ја од двете страни додека малку не порумени. Вадете ги шницлите на чинија.
- Во маслото во кое сте ги испржиле шницлите ставете сусам и остатокот од брашното. Пропржете неколку минути, па вратете ги шницлите и прелијте со супа.
- Намалете го огнот лесно да крцка, а пред крај додајте магдонос. Послужете топло.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна