Бела кора во комбинација со бисквити и чоко банани ќе ве остави без зборови…
Состојки:
- 10 јајца
- 400 гр шеќер
- 1 лажица оцет
- 500 мл млеко
- 3 лажици брашно
- 250 гр маргарин
- 2 кесички шлаг
- 150 гр мелени бисквити
- 100 гр чоколадо
- 10 крем банани
- 1 кесичка шлаг
Начин на подготовка:
- За кората, разматете ги белките со 250 грама шеќер и оцет во цврст снег. Плехот премачкајте го со маргарин и посипете со брашно. Смесата сушете ја 45 минути на 150 степени.
- За филот, разматете ги жолчките со млеко, додајте брашно и 150 грама шеќер, па гответе ги на пареа сè додека не згуснат. Потоа тргнете ги од оган и оставете ги да се оладат малку, па додајте го маргаринот, разматен и подготвениот шлаг (направен од 2 кесички). Поделете ја смесата на два дела. Во првиот дел ставете го кексот и стопената чоколада, а во другиот дел крем бананите.
- Врз готовата кора наредете го прво темниот фил, а потоа посветлиот. За крај, премачкајте ја тортата со останатата кесичка шлаг.
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта