Подгответе компот од сливи без шеќер и конзерванс. По овој рецепт секогаш успева!
Состојки:
- 5 кг сливи
- 3 лимони
- 1 стапче ванила
- мед (на секоја тегла три лажици)
- 2-3 л вода
- тегли и капачиња
Начин на подготовка:
- Теглите и капачињата добро измијте ги и исушете ги во рерна на 150 степени. Сливите измијте ги, изберете само поцврсти за компотот да биде подобар.
- Зовријте 2-3 литри вода, стапче ванила и лимони исечкани на кругови.
- Во подлабок лонец ставете стар чаршав или крпа, налијте околу 2 л вода и ставете на рингла да се загрева. За тоа време наполнете ги теглите со овошје, налијте сируп и добро затворете. Редете ги теглите во лонецот со вода и гответе околу 20-30 минути.
- Теглите редете ги на ќебе свртени наопаку. Свиткајте ги со ќебето и оставете ги да стојат до наредниот ден.
- Откако ќе отстојат еден ден, теглите се спремни за шпајз. Чувајте ги на темно и ладно место.
- Компотот можете да го користите за да се засладите, за колачи, торти, пити… Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега