Уживајте во популарниот десерт направен во вашата кујна!
Состојки:
- 300 гр чоколадо
- 300 гр лешници
- 3 јајца
- 300 гр путер
- 300 гр бисквити
- 300 гр шеќер
Начин на подготовка:
- Карамелизирајте 200 гр шеќер и измешајте во карамел 200 гр препечени лешници. Измешајте и ставете на намастена чинија, оставете да се излади.
- Остатокот од шеќерот пенасто разматете го со јајца. Путерот посебно разматете го па соединете го со јајцата, додајте растопено чоколадо и 100 гр мелени лешници.
- Грилијашот од лешници исечкајте го ситно и измешајте го во смесата, па додајте мелени бисквити. Масата добро измешајте ја убаво да се соедини и ставете во калапи. Оставете во фрижидер да стегне.
Послужете и уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта