Торта Бел ангел: Моќен и воздушест десерт само за најдрагите гости

Торта Бел ангел: Моќен и воздушест десерт само за најдрагите гости

Тортата Бел ангел подгответе ја за специјални прилики…

Состојки за кора:

  • 15 белки
  • 15 лажици шеќер
  • 15 лажици сечкани ореви
  • 6 лажици мелени ореви
  • 3 лажици брашно

Состојки за фил:

  • 300 гр мелени ореви
  • 2 дл сок од портокал
  • 100 гр чоколадо
  • 15 жолчки
  • 15 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 375 гр путер
  • 3 банани
  • 1/2 лимон
  • 200 гр шлаг крем во прав
  • 3 дл мелко

Состојки за украсување:

  • 300 гр шлаг крем во прав
  • 4,5 дл газирана вода

Начин на подготовка:

  1. Разматете 5 белки со 5 лажици шеќер, додајте 5 лажици сечкани ореви, 2 лажици мелени ореви и 1 лажица брашно. Ова е мера за една кора, а вкупно треба да испечете три. 
  2. За филот, измешајте ореви и сок од портокал, додајте 100 гр растопено чоколадо и оставете да се излади. Разматете жолчки со 15 лажици шеќер и ванила, гответе на пареа па изладете и додајте ги во разматен путер. Разматете пенасто, па додајте сечкани банани прелиени со сок од лимон. Соединете ги бананите, филот од ореви и филот од жолчки. 
  3. За другиот фил, разаматете шлаг крем во прав со млеко. 
  4. За украсување на тортата разматете 300 гр шлаг со 4,5 дл газирана вода. 
  5. Формирајте ја тортата и украсете со шлаг.

Уживајте!

 

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text