Лесно и едноставно направете оригинален, а домашен еурокрем (ВИДЕО)

Лесно и едноставно направете оригинален, а домашен еурокрем (ВИДЕО)

Веќе со децении еурокремот е незаменлив намаз. Но, наместо да трошите пари за да го купите, ви донесуваме едноставен рецепт како да го направите сами…

Состојки:

  • 500 гр млеко во прав
  • 600 гр шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1/2 л вода
  • 200 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере ставете вода да зоврие, додајте шеќер и ванилин шеќер, па кога ќе зоврие додајте маргарин на коцки. Оставете да врие десетина минути, па тргнете од оган да се излади.
  2. Во изладената вода додајте млеко во прав и добро изедначете да нема грутки.
  3. Чоколадото растопете го, а масата поделете ја на два дела, па во еден дел додајте чоколадо.
  4. Ставајте во тегли наизменично, и едниот и другиот крем.
  5. Затворете и чувајте во фрижидер.

 

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text