За да се вратите во детството потребни ви се малку леб и маст…
Состојки:
- 350 гр стар бел леб (стар барем 3 дена)
- 700 мл вода
- 50 гр путер
- 3 лажици млад кајмак (околу 100-150 гр)
- околу 250 гр зрело сирење (може и фета)
Начин на подготовка:
- Лебот исечете го на парчиња, па искинете го. Во поголем сад ставете вода во дупла количина во однос на лебот и ставете да зоврие. Ако сирењето е несолено или многу благо додајте 1/3 лажичка сол во водата, а ако е солено не треба да додавате сол воопшто.
- Тргнете го садот од рингла и ставете го цел леб, измешајте да се направи каша, додајте путер и повторно измешајте.
- Кајмакот и издробеното сирење измешајте ги веднаш и послужете.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот