Лосос во сос од лимон

Лосос во сос од лимон

Аспарагусот го прави ова јадење посебно. Неговиот лесен вкус одлично оди со риба како лосос!

Состојки:

  • 1 кг зелен аспарагус
  • сол
  • 4 филети лосос (од по 200 гр)
  • бибер
  • 2 лажици масло
  • 100 гр путер
  • 30 гр сечкани бадеми
  • 1 лимон

Начин на подготовка:

  1. Излупете го аспарагусот во долниот дел на стеблата. Отсечете ги дрвенестите краеви и гответе во посолена вода 10 минути. Исцедете и оставете на топло место. 
  2. Посолете го лососот, побиберете и пржете на масло од секоја страна по 4 минути. 
  3. Растопете путер, додајте бадеми и пропржете ги. Измијте го лимонот и изрендајте ја кората. Исцедете го сокот, па заедно со кората додајте го во путерот и бадемите, посолете и побиберете. Со тоа прелијте го лососот и послужете го аспарагус.

 

Добар апетит!

Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk

Црвена здрава чинија: Направете чорба од цвекло

Освежително и здраво: Смути од шумски плодови и цвекло

Домашен рецепт со кој повеќе нема ни да помислите на цвекло од тегла

Релаксирајте се: Чај кој ги опушта мислите и мускулите

Смути на денот: Моркови во чаша

Чајот од шипка како лек

Царот на овошните сокови: Зошто треба да пиете сок од јаболка?

Слабејте и уживајте: Смути со јаболка идеално за најавените горештини