Шпагети со туна и домати

Шпагети со туна и домати

Едноставен рецепт за лесен, но хранлив и вкусен оброк…

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 250 гр мини домати
  • 1 лута црвена пиперка
  • 1 конзерва Тимко туна
  • 1/2 веза магдонос
  • 400 гр шпагети
  • сол
  • бибер
  • 3 лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Излупете и исечкајте кромид и лук. Доматите измијте ги и преполовете ги. Лутата пиперка исчистете ја и ситно исечкајте ја. Исцедете ја туната и иситнете ја со вилушка. Исечкајте го магдоносот. 
  2. Згответе шпагети во посолена вода. Во тава со маслиново масло со мешање пропржете ги кромидот и лукот. Потоа додајте мини домати, туна и лута пиперка и добро измешајте. 
  3. Зготвените тестенини исцедете ги и измешајте ги со туна, домат и магдонос. Посолете и побиберете по вкус.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

 

singlepost_text