Оброк за 10 минути: Салата со туна и грав

Оброк за 10 минути: Салата со туна и грав

Салатата со туна и грав е здрав оброк кој лесно можете да го подготвите!

Состојки:

  • 400 гр Тимко туна во масло
  • конзерва од 400 гр бел грав
  • 400 гр зелена боранија (свежа или од конзерва)
  • 2 помали главици кромид
  • сок од 1 лимон
  • 60 мл маслиново масло
  • сол
  • бибер
  • 1 лажичка мајчина душица
  • 1 лажичка сечкан магдонос

Начин на подготовка:

  1. Туната исцедете ја, а гравот измијте го со студена вода и оставете го во целдилка. 
  2. Боранијата исчистете ја, измијте ја и гответе ја околу 5 минути во врела посолена вода. Извадете ја со решеткаста лажица, измијте ја со студена вода и исечете ја на парчиња долги три-четири сантиметри. 
  3. Кромидот исчистете го и исечкајте го. Туната иситнете ја со вилушка на парчиња, додајте грав, боранија, кромид и ставете во декоративна чинија. 
  4. Измешајте сок од лимон, маслиново масло, сол, бибер, зачини и прелијте ја салатата. Сервирајте после 30 минути со чаша бело вино.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

 

singlepost_text