Пита со тиквици, сирење и гриз (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Пита со тиквици, сирење и гриз (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Уште еден добар, брз и вкусен рецепт со тиквици…

Состојки:

  • 5 јајца
  • 600 гр тиквици
  • 1 помал морков
  • 1 чешне лук
  • половина веза магдонос
  • 3-4 лажици кисела павлака
  • 250 гр сирење
  • 60 гр брашно
  • 100 гр пченичен гриз
  • 1 лажичка сол
  • бибер
  • 1 дл масло
  • 100 гр кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 180 степени, тепсијата намастете ја со масло и посипете со 2 лажици гриз. 
  2. Тиквиците измијте ги и исечкајте ги на ситни коцки, морковот изрендајте го на најситно, магдоносот исто така исечкајте го. 
  3. Разматете цели јајца, додајте масло, исечкан зеленчук, зачини и исечкан лук. Потоа додајте сирење, издробете го со раце, па брашно, гриз, павлака и прашок за печиво. 
  4. Кога сите состојки ќе се измешаат префрлете ја масата во тепсија и печете околу 45 минути. 
  5. На печената пита изрендајте кашкавал и послужете.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте