Подгответе ја највкусната пилешка чорба со зеленчук!
Состојки:
- 300 гр пилешко
- 150 гр зеленчук (морков, целер, магдонос, праз, кафриол)
- 1,2 л супа од коски или бујон
- 40 гр маст
- 20 гр брашно
- 40 гр кромид
- 1 чешне лук
- 5 гр лута пиперка
- 1/2 дл бело вино или сок од лимон
- 1/2 дл кисела павлака
- 1 жолчка
- ловоров лист
- целер
- сол
Начин на подготовка:
- Пилешкото исчистете го од коски и исечкајте го на парчиња, па додајте ситно сечкан зеленчук. Сè ставете во супата од коски и гответе на лесен оган.
- Посебно подгответе светла запршка од брашно, кромид, лук и пиперка, залијте со студена вода и додајте ја во супата.
- Посолете, додајте ловоров лист. Чорбата на крај закиселете ја со сок од лимон или вино, прелијте со кисела павлака со жолчка или по желба додајте сечкан целер.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт