Путер кифли – Рецепт кој ќе ве врати во детството

Путер кифли – Рецепт кој ќе ве врати во детството

Мирисот на домашните кифлички е еден од најпосакуваните во куќата. Еве го рецептот:

Потребни состојки:

  • 100 гр Битолски путер
  • 1 кг брашно
  • 500 мл Битолско млеко
  • 300 мл масло
  • 2 јајца
  • 1 супена лажица сол и малку шеќер
  • 50 гр квасец

Состоји за премаз:

  • 1 јајце
  • сусам
  • 100 гр Битолски путер

Начин на подготовка:

  1. Во млако млеко го ставаме квасецот, наросуваме малку сол и шеќер и оставаме смесата да отстои.
  2. Во друг сад ги мешаме јајцата, шеќерот, солта и го додаваме квасецот. Потоа, додаваме брашно и замесуваме, па го оставаме тестото 30 минути на топло место за да нарасне.
  3. Нараснатото тесто го делиме на три дела. Секој дел посебно го сукаме во круг со пречник 45 см. Со нож сечеме 12 делови (триаголници) или 16 доколку сакаме помали кифлички.
  4. Растопуваме Битолски путер (100 гр) и со помош на четкичка го премачкуваме секој триаголник, а потоа ги завиткуваме кифличките (по желба тука може да додадеме и сирење доколку сакаме во кифличките да имаме и сирење).
  5. Во плехот каде што ќе ги печеме кифличките ставаме хартија за печење. Ги редиме кифлите и ги оставаме да отстојат на топло место уште 30 минути.
  6. Кифличките ги премачкуваме со изматеното јајце и на крај попрскуваме со сусам. На крај, на секоја кифличка ставаме мало парче Битолски путер.
  7. Ги печеме кифличките во загреана рерна на 200°C околу 18-20 минути.

На здравје!

Битолскиот путер е достапен на пазарот во пакување од 200 грама и може да се купи во сите подобро снабдени маркети низ Македонија.

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Бимилк: www.bimilk.mk или Фејсбук-страницата.

Повеќе на Gotvi.mk:

Домашни колачиња со парчиња чоколадо и путер

Која е тајната на совршените домашни колачиња и кифли?

8 докажани бенефити од пиењето јогурт

Jogood во чаша ‒ Овошна забава со секој залак!

Овошна забава со Jogood!

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*