Освежувачка јогурт салата

Освежувачка јогурт салата

Лесна салата за жешките летни денови.

Состојки:

  • 500 гр тестенини
  • 150 гр кашкавал
  • 200 гр шунка Пекабеско
  • 2-3 обварени моркови
  • 15 кисели краставички
  • 1 кисела црвена пиперка или печена црвена пиперка
  • 1,5 л јогурт
  • 200 гр мајонез
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Во посолена и помастена вода обварете тестенини. Потоа измијте ги со студена вода, додајте малку масло и измешајте. Оставете ги да изладат.
  2. Кашкавалот, шунката, морковите, краставичките и пиперката исечкајте ги на коцки, па додајте ги во изладените тестенини.
  3. Потоа додајте 1 л јогурт, мајонез и сол, па сè добро измешајте, состојките да се поврзат.
  4. Наредниот ден, откако тестенините ќе го впијат јогуртот, додајте уште 1/2 л јогурт.
  5. Салатата сервирајте ја во чинии.

 

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text