Сигурно се сеќавате на вкусот и на мирисот на меките колачиња што ги правеше нашата баба. Тајната на совршениот вкус е путерот што го комплетира вкусот со секој нареден залак.
Еве го рецептот за подготовка на домашни колачиња со парчиња чоколадо и путер:
Потребни состојки:
- 150 гр Битолски путер
- 220 гр шеќер
- 300 гр чоколадо
- 1 јајце
- 1 жолчка
- 300 гр брашно
- 1/2 лажиче сода бикарбона
- 1/4 лажиче сол
Начин на подготовка:
- На тивок оган го растопуваме Битолскиот путер, а потоа го оставаме настрана за да се излади. Во растопениот путер го додаваме шеќерот и матиме, а потоа ги додаваме јајцето и жолчката.
- Матиме додека не добиеме кремаста смеса. Потоа во смесата ги ставаме брашното и сода бикарбоната, а на крај додаваме ситни коцки чоколадо.
- Со раце ги обликуваме колачињата и ги редиме во тава обложена со хартија за печење. Ги ставаме да се печат во загреана рерна на 170°C 15-17 минути.
На здравје!
Битолскиот путер е достапен на пазарот во пакување од 200 грама и може да се купи во сите подобро снабдени маркети низ Македонија.
За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Бимилк: www.bimilk.mk или Фејсбук-страницата.
Повеќе на Gotvi.mk:
Која е тајната на совршените домашни колачиња и кифли?
8 докажани бенефити од пиењето јогурт