Не го фрлајте стариот леб! Подгответе вкусна и едноставна пита…
Состојки:
- 1 бајат леб
- 1/2 л јогурт
- 400 мл павлака Пекабела
- 4 јајаца
- 5 лажици масло
- 1 лажичка сол
- 1 кесичка прашок за печиво
Начин на подготовка:
- Во јајцата ставте сол и матете со жица. Додајте масло, па прашок за печиво. Додајте ги и останатите состојки и добро разматете.
- Во намастен плех наредете коцки леб и прелијте ги со смесата која претходно сте ја направиле.
- Посипете сусам или морска сол од горе.
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ја питата да се пече околу 35 минути.
- Кога ќе биде готова, питата прекријте ја со крпа и оставете ја петнаесетина минути пред послужување.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот