Вафла Афродизијак

Вафла Афродизијак

Ана ни испраќа вкусен и богат рецепт за вафли. Зошто го носи тоа име проценете сами, а еве како да ја приготвите:

Состојки за вафлите:

  • 1 јајце
  • хималајска сол
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажица маст
  • 1 чаша обична или кисела вода
  • р’жано брашно

Сите состојки ставете ги во еден сад. Додајте количина на брашно додека да добиете смеса погуста од онаа за обични палачинки.

Оставете ја смесата да отстои 1 час, а потоа додадете малку прашак за печиво. Печете во апарат или тостер за вафли.

Додајте топка сладолед, парчиња диња и круша, а одозгора ставете мед парчиња бадеми и суво грозје.

На здравје!

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука