Сочно пилешко печено во млеко – брзо и вкусно јадење!
Состојки:
- 400 гр пилешко бело месо
- 100 мл бело вино или пилешки бујон
- 200 мл млеко
- 2 лажици брашно
- 1 главица кромид
- 1 лажица сечкан магдонос
- 1 чешне лук
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Исечете ги пилешките гради да бидат со еднаква дебелина. Посолете и побиберете по вкус, па извалкајте го пилешкото во брашно.
- Загрејте масло и пропржете ситно сечкан кромид. Додајте месо и печете додека не порумени.
- Во тавата додајте бело вино или пилешки бујон и претходно разматено брашно и млеко. Мешајте за сосот да не се залепи за дното.
- Кога сосот ќе ја добие саканата густина додајте ситно сечкан магдонос и лук. Сервирајте топло со салата по желба.
Добар апетит!
Поврзани вести на Gotvi.mk
Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки
Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости
Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки
Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости
Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука