Брз рецепт за чипс во рерна – Неодолив вкус за секоја прилика

Брз рецепт за чипс во рерна – Неодолив вкус за секоја прилика

Направете вкусен чипс со кашкавал во рерна за неколку минути. Ангела Велинова ни го испраќа овој рецепт и вели дека е идеален за летниот период, особено кога ќе ви дојдат гости или со добар филм/спортски напревар.

Состојки за чипсот:

  • 200 гр пченкарен чипс
  • 150 грама кашкавал
  • 1 мала конзерва пченка

Состојки за сосот:

  • 1 кесичка кечап
  • лук во прав

Начин на приготвување:

  1. Во празна тава истурете го пченкарниот чипс, а веднаш потоа нанесете врз него од изренданиот кашкавал и од пченката. Повторете ја истата процедура уште еднаш. Наместо пченка од конзерва можете да искористите и замрзната пченка на Пекабеско која претходно ќе ја сварите според упатството на кесичката.
  2. Тавата ставете ја во веќе загреана рерна да се растопи кашкавалот, на 150 степени околу 10 минути.
  3. Во меѓувреме направете го сосот. Во мал плиток сад ставете ја кесичката кечап и додадете според мерка и вкус од лукот во прав.
  4. Извадете го вкусниот чипс со кашкавал од рерна, послужете ги најблиските.
  5. Уживањето може да започне 🙂

 Поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Пица со кулен, сланина и феферонки – Новиот омилен пикантен деликатес

Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици

ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

Пица а ла Бица

Домашна пица капричиоза

Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута

Пица лазањи – рецепт кој сите го бараат

Пица салами