Селска кајгана со компири: Ќе ја обожавате!

Селска кајгана со компири: Ќе ја обожавате!

Овој омлет е вистинска калориска бомба, но само за оние кои не водат сметка за тоа – на село никој не брои калории…

Состојки:

  • 100 гр сланина Пекабеско
  • 50 гр путер
  • 2 компири
  • 1 веза мгадонос
  • лист целер
  • 8 јајца
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во половина од маснотијата испржете исечкана сланина. Компирите исечете ги на тенки кругови и пропржете ги во другата половона од маснотијата. Кога ќе добијат боја, додајте сечкан магдонос и целер.
  2. Разматете јајца, посолете, побиберете, додајте компири, брзо измешајте и сè ставете во тавата со пропржена сланина.
  3. Испечете го омлетот од двете страни, но водете сметка да остане мек и со дебел слој.
  4. Послужете со кајмак или сезонска домат-краставица салата.

 

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство