Пита од модар патлиџан и сланина

Пита од модар патлиџан и сланина

Вкусна пита од варен патлиџан, сирење и сланина – за вистински гурмани.

Состојки:

  • 3-4 модри патлиџани
  • 1 главица кромид
  • 1-2 корени целер
  • 1 шолја млеко
  • 3/4 шолја рендано сирење
  • 1 шолја презла
  • неколку парчиња зготвена сланина

Начин на подготовка:

  1. Излупете ги и исечете ги патлиџаните, ставете ги да отстојат десет минути во студена вода. Потоа во врела вода гответе ги со кромид и целер додека не омекнат, па исцедете и изгмечете.
  2. Додајте сирење, млеко, презла, ставете во огноотпорен сад и на врвот наредете сланина. Печете на 175 степени, 35 минути.

 

Добар апетит!

 

Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?