Српски специјалитет: Кој еднаш проба лесковачка мучкалица, никогаш не ја заборава!

Српски специјалитет: Кој еднаш проба лесковачка мучкалица, никогаш не ја заборава!

За лесковачката мучкалица велат дека настанала сосема спонтано, бидејќи некој од скараџиите се досетил како да го искористи месото од скара, а притоа да направи вкусно, пикантно јадење.

Состојки:

  • 1 кг свинско месо од врат
  • 200 гр месната свежа сланина
  • 4-5 главици кромид
  • 10 печени, излупени и исечкани пиперки
  • 500 гр исчистени домати
  • 2 главици лук
  • 2-3 суви пиперки
  • сол
  • 1,5 дл масло

Начин на подготовка:

  1. Месото извалкајте го во зачин, исечете го на дебели шницли, па потоа на средно крупни коцки. Испечете го на скара (може и на тава), најдобро е да направите ражничи, а после печењето месото да го извадите од стапчињата. Парчињата месо можете да ги обмотате во сланина или сланината посебно да ја испечете. 
  2. Во меѓувреме исечкајте кромид и измшајте го со 2 лажици сол за лутината да исчезне. Динстајте на масло додека сосема не се растопи, непрекинато мешајќи, со додавање топла вода. Кога кромидот ќе се испржи, додајте сечкани пиперки и домати и сечкан кромид. Динстајте додека течноста не испари. 
  3. Додајте месо, налијте го со малку вода и крчкајте додека зеленчукот не се претвори во компактна маса. Зачинете и добро намастете по вкус.

 

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

singlepost_text