Вкусна торта од избрани состојки!

Вкусна торта од избрани состојки!

Фантастичниот спој од одбрани состојки на оваа торта и дава неверојатен вкус…

Состојки:

  • 12 јајца
  • 300 гр мелени ореви
  • 3 лажици брашно
  • 3 парчиња чоколадо
  • 2,5 дл млеко
  • 2 лажици густин
  • 250 гр путер
  • 5 кесички ванилин шеќер
  • 500 гр шеќер
  • 200 гр печени кикирики
  • 250 гр шлаг

Начин на подготовка:

  1. Разматете три кори од по 4 белки, 100 гр шеќер, 100 гр ореви и лажица брашно. За филот разматете 12 жолчки и 12 лажици шеќер, па гответе на пареа со чоколадо.
  2. Посебно згответе крем од млеко, 4 лажици шеќер и густин. Разматете путер со ванилин шеќер и сè соединете во едно. Направете грилијаш од 150 гр шеќер и кикирики – кога ќе се излади, истиснете го.
  3. Филувајте ја тортата на следниов начин: кора – фил – посипете грилијаш – кора – фил – посипете грилијаш – кора – фил – посипете грилишај. Целата торта обложете ја со шлаг.

 

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

singlepost_text