Хроно исхраната зема голем замав во Македонија и регионот. Најбројната Facebook група веќе надмина 44 илјади членови, а со оваа исхрана голем број луѓе успеваат да ја достигнат посакуваната тежина и обем.
Ана ни испраќа рецепт за хроно вафли. Како што таа вели станува збор за вкусен и обилен, односно кралски појадок. Еве како да го приготвите:
Состојки за вафлите:
- 1 јајце
- хималајска сол
- 3 лажици маслиново масло
- 1 лажица маст
- 1 чаша обична или кисела вода
- р’жано брашно
Сите состојки ставете ги во еден сад. Додајте количина на брашно додека да добиете смеса погуста од онаа за обични палачинки.
Оставете ја смесата да отстои 1 час, а потоа додадете малку прашак за печиво. Печете во апарат или тостер за вафли.
Останати состојки:
- Пекабеско пршута
- хумус намаз
- рукола
Наредете една вафла и врз неа ставете од останатите состојки во количина по ваш вкус. Ставете уште една вафла одозгора.
Уживајте и на здравје!
Прочитај повеќе хроно рецепти на Gotvi.mk:
ХРОНО ИСХРАНА: Јадете што сакате, колку сакате, а слабеете – што е тајната?
Топ трендови во исхраната за 2017 година – правите ли нешто од ова?
Јадете буквално се а слабеете – што е тајната на хроно исхраната?
Регионот полуде, направете ХРОНО ЛЕБ – јадете а не се дебелеете
Ако не можете без леб а сакате да ослабете: Хроно лепињи готови за миг