Хроно ролат со пршута – Диетата веќе не значи гладување

Хроно ролат со пршута – Диетата веќе не значи гладување

Хроно исхраната стана многу популарна во Македонија и регионот. Најбројната Facebook група надмина 44 илјади членови, а со овој начин на исхрана огромен број луѓе успејаа да ја достигнат посакуваната тежина и обем.

Ана ни испрати рецепт за хроно појадок – Ролат со пршута. Еве како да го приготвите:

Состојки:

  • 3 јајца
  • 4 парчиња Пекабеско пршута
  • 1/2 мала шолја рендана зелка и морков
  • хималајска сол и зачини по вкус

Начин на приготвување:

  1. Јајцата со солта се матат и се ставаат во претходно загреано тефлонско тавче.
  2. Кога јајцата убаво ќе се запржат на долната страна се трга тавчето од оган и одгоре во лента се редат пршутата и мешавината од зелка и морков.
  3. Се ролува во тавчето по што се префрла на тањир за послужување.
  4. Украсете со свеж магдонос.
  5. По вкус наместо пршута можете да ставите Пекабеско сланина која претходно малку сте ја пропржиле на маслиново масло за готвење.

Уживајте во овој одличен хроно појадок и на здравје!

Прочитај повеќе хроно рецепти на Gotvi.mk:

Хроно вафли – Кралски појадок со кој ќе слабеете

ХРОНО ИСХРАНА: Јадете што сакате, колку сакате, а слабеете – што е тајната?

Топ трендови во исхраната за 2017 година – правите ли нешто од ова?

Јадете буквално се а слабеете – што е тајната на хроно исхраната?

Регионот полуде, направете ХРОНО ЛЕБ – јадете а не се дебелеете

Ако не можете без леб а сакате да ослабете: Хроно лепињи готови за миг

Хроно мафини со шунка

ХРОНО ПИТА – уживајте без да накачите килограми