Шпагети со чадена сланина

Шпагети со чадена сланина

Ова јадење е совршено – лесен оброк за целото семејство!

Состојки:

  • 400 гр шпагети
  • 1 лажица маслиново масло
  • 120 гр исечкана чадена сланина Пекабеско
  • 1 главица сечкан кромид
  • сечкан лук
  • 2 лажички слатка пипер
  • 800 гр сечкан домат
  • малку рендан пармезан
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад згответе шпагети. Во меѓувреме, загрејте масло во длабока тава и пропржете сланина 3-4 минути, додека не стане крцкава. Додајте сечкан кромид и лук и мелена пипер, па пржете уште минута.
  2. Додајте сечкани домати, оставете да зоврие и да врие околу 5 минути, додека масата не згусне. Додека се готви, често мешајте.
  3. Исцедете ја пастата, по желба посолете ја и измешајте ја со сосот. Пред послужување на чиниите од горе изрендајте прамезан и додајте малку оригано.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

 

singlepost_text