Најевтиниот и највкусен ручек од 3 состојки (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Најевтиниот и највкусен ручек од 3 состојки (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Кога зборуваме за готвење, годините не се пречка во оваа страст. Најдобар пример за тоа е Клара, најстарата американска готвачка на Јутјуб.

Прабабата и мајка Клара на својот Јутјуб канал споделува едноставни рецепти кои ја одбележале нејзината младост.

Токму тие јадења и ги подготвувала нејзината мајка за време на големата економска криза (големата депресија) која го одбележале почетокот на 30-тите години од минатиот век, а кога владеела сиромаштија.

Иако симпатичната готвачка починала во 97 година од животот, рецептите кои ги подготвувала пред камера речиси до крајот на животот се попопуларни од било кога, а во нив уживаат бројни фанови ширум светот.

Ви донесуваме еден од нејзините рецепт за вкусен ручек со компири, кромид и виршли во кој ќе уживате, а кој е евтин и брзо се прави.

Состојки:

  • 2 поголеми компири
  • 1 главица кромид
  • 1 пакување виршли

Начин на подготовка:

  1. Компирите и кромидот исчистете ги и исечете ги на мали коцки. Во длабока тава ставете масло, додајте компири, кромид, посолете и побиберете. Гответе на средна температура и со кутлача свртете ги состојките. По желба додајте сос од домати. 
  2. Виршлите исечете ги на кругови, а кога компирите ќе се запечат, ставете ги во тава и продолжете со динстање. Во тавата додајте и малку вода, па продолжете со динстање уште неколку минути. 
  3. Кога водата ќе испари, а компирите ќе омекнат – јадењето е готово.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Салата која летово ќе ја правите секој ден

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко