Најдобриот рецепт за слатко од сливи: Секоја вистинска домаќинка треба да го знае!

Најдобриот рецепт за слатко од сливи: Секоја вистинска домаќинка треба да го знае!

Слаткото од сливи е еден од омилените десерти кои се добиваат од ова овошје. Искористете ја сезоната на сливи на најдобар можен начин!

Состојки:

  • 1 кг исчистени сливи
  • 1 кг шеќер
  • 1 дл вода
  • 1 лимон
  • стапче ванила
  • 1 л вода
  • 10 гр сода

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад налијте литар вода и додајте сода бикарбона. Излупените сливи потопете ги во растворот и оставете ги да отстојат еден час, со повремено мешање.
  2. Измешајте шеќер со шолја вода и направете сируп. Во него додајте исечен лимон и стапче ванила и исчистени сливи и сè заедно крчкајте на средна температура.
  3. Се препорачува смесата да не ја мешате, туку од време на време да ја протресувате во текот на готвењето.
  4. После 45 минути проверете дали слаткото е готово. Доколку не е, крчкајте уште десетина минути, додека смесата не се згусне.
  5. Разладеното слатко ставете го во тегли.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text