Навистина создадена за лето, убава, лесна и бела. Ќе уживате во нејзиниот вкус…
Состојки за кора:
- 8 белки
- 400 гр шеќер
- 1 лажица оцет
Состојки за фил:
- 8 жолчки
- 50 гр шеќер
- 1/2 л млеко
- 2 кесички шлаг
- 125 гр маргарин
- 3 лажици брашно
- 1 кесичка пудинг од ванила
- 300 гр бело чоколадо
Начин на подготовка:
- Разматете белки, додајте шеќер па добро разматете, на крај додајте оцет. Печете ја кората на 150 степени околу 25 минути во плех обложен со хартија за печење.
- Згответе го пудингот во млкео, потоа додајте разматено брашно, шеќер и жолчки. Разладете и соединете со маргарин, шлаг и растопено бело чоколадо (оставете 50 гр бело чоколадо кое ќе го изрендате за украс).
- Тортата ставете ја во фрижидер до послужување. Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта