Мафини со јајца и спанаќ

Мафини со јајца и спанаќ

Направете брзи мафини без брашно, одлични за доручек или вечера.

Состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 170 гр шампињони, исечкани на листови
  • 6 јајца
  • 1/4 шолја млеко
  • 1/4 лажичка сол + по вкус за печурките
  • 200 гр рендан кашкавал
  • 200 гр спанаќ, зготвен и исцеден

Начин на подготовка:

  1. Во поголема тава загрејте го маслиновото масло на средна температура и додајте печурки, посолете и пржете десетина минути.
  2. Рерната загрејте ја на 180 степени. Плехот за мафини намастете го или во него ставете хартиени корпички.
  3. Во голем сад разматете јајца, потоа додајте млеко, сол и кашкавал, па добро измешајте. Во смесата со јајца додајте и спанаќ и печурки.
  4. Подготвената смеса ставете ја во плех за мафини, наполнете ги калапите до 3/4.
  5. Печете во загреана рерна околу 25 минути. Почекајте околку половина час да се изладат, па извадете ги од калапите.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text