Крцкави кекси со ореви

Крцкави кекси со ореви

Идеален десерт за вечерно дружење со топло чоколадо и добар филм

Состојки:

  • 150 гр свинска маст
  • 60 гр мед
  • 150 гр мелени ореви
  • 1 лажичка ванила паста
  • 120 гр кафеав шеќер
  • 2 жолчки
  • 300 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Со миксер разматете маст на собна температура со жолчки и шеќер. Додајте мед, ванила паста, брашно измешано со прашок за печиво и мелени ореви.
  2. Сè добро замесете, а потоа свиткајте во фолија и оставете да отстои триесетина минути во фрижидер. Извадете го од фрижидер, а потоа кинете го тестото и правете топчиња со големина на орев, па наредете ги во плех за печење обложен со хартија за печење.
  3. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
  4. Печените кекси чувајте ги во метална кутија.

 

Уживајте!

Повеќе на Gotvi.mk:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

singlepost_text