Денеска пеколни горештини – еве до кога ќе биде топло

Денеска пеколни горештини – еве до кога ќе биде топло

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во западните планински делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Времето во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 37 степени.

Следува период на претежно сончево и многу топло време. Во понеделник во попладневните часови ќе има појава на локална облачност, а во западните делови и услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

До среда максималната температура ќе биде без позначителни промени (во интервал од 32 до 39 степени). Уште потопло се очекува да биде во втората половина од наредната седмица кога на места максималната температура ќе достигнува 40 степени.

Повеќе на Готви.мк:

ЛЕСНО И БРЗО: Домат чорба со кнедли

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*