Едно од најдобрите јадења…
Состојки:
- 800 гр свинско месо
- малку рузмарин
- 1 чешне лук
- бибер
- 2 лажици маслиново масло
- морска сол
- 1 главица кромид
- 2 лажици путер
- 250 гр шампињони
- 200 мл неутрална павлака
- сол
Начин на подготовка:
- Месото измијте го и исечете го на 12 медаљони. Исечкајте лук и протријте го месото со него. Потоа месото посипете го со бибер, премачкајте го со масло и на секое парче ставете малку рузмарин. Ставете во фрижидер на 60 минути.
- Медаљоните пржете ги на тефлонска тава 2-3 минути од секоја страна, извадете ги на алу-фолија и свиткајте.
- Исечкајте кромид и пропржете го на путер. Исечкајте печурки и додајте ги во кромидот. Додајте павлака, посолете и побиберете. Сервирајте ги медаљоните со сос од печурки и пире од компири.
Добар апетит!