Плескавици од туна и тиквици

Плескавици од туна и тиквици

Вкусно јадење за секаква прилика…

Состојки:

  • 1 конзерва Тимко туна
  • 100 гр посно сирење
  • 1 јајце
  • 1 тиквица
  • сол
  • бибер
  • зачини
  • зеленчук по желба
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Изрендајте тиквици, додајте посно сирење, исцедена туна, јајце, по желба пармезан, сол, бибер, зачин и сè добро измешајте.
  2. Можете да додадете и ситно сечкан лук, како и медитеранска мешавина од зачини.
  3. Од добиената смеса направете плескавици. Ставете ги во тепсија на хартија за печење и печете на 200 степени околу половина час.
  4. Јадењето послужете го со зеленчук готвен на пареа.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула