Пица пармиџано

Пица пармиџано

Донесете го духот на Италија во својот дом, направете пица која ќе ја изедете во еден залак!

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 1 дл масло
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 дл вода
  • 1 кеса пармезан (80 гр)
  • половина коцка квасец (10 гр)
  • 100 гр шампињони
  • кечап
  • 100 гр трапист сирење
  • оригано
  • кромид по желба

Начин на подготовка:

  1. Брашното просејте го заедно со солта. Во 1 дл вода разматете квасец со малку шеќер. Кога ќе почне да пенее, додајте го брашното, потоа додајте и масло, остатокот од водата и пармезанот. Замесете тесто, а потоа оставете го малку да нарасне. Кога ќе се удвои, премесете го и поделете го на два еднакви делови. 
  2. Секое топче од тесто развлечете го со раце, премачкајте со кечап и додајте го саканиот фил, но без сирење. Ставете ги пиците во рерна да се печат, а кога ќе бидат готови, на нив додајте изрендано сирење и оставете ги во рерна минута-две за сирењето да се растопи.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки