Десерт кој лесно се подготвува, а вкусот ќе го обожавате!
Состојки:
- 125 гр путер
- 125 гр шеќер
- 30 гр брашно
- 100 гр рикота сирење или путер
- 125 гр печени мелени лешници
- 4 јајца
- 3 лажици мармалад од кајсии
Начин на подготовка:
- Путерот пенасто разматете го со шеќер. Додавајте една по една жолчка, а потоа измешајте брашно, мелени лешници и сирење/путер, па матете уште некоја минута.
- Белките разматете ги со миксер во цврст снег и додајте ги во претходната смеса. Вклучете ја рерната на 180 степени, подгответе калап за мафини, во него ставете корпички и ставајте од смесата до 2/3 од корпичките.
- Готовиот колач премачкајте го со мармалад од кајсии. На врвовите од мафините ставете печени лешници.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега