Овој колач децата ќе го обожаваат, и тоа поради смоките во него. А вие ќе го сакате бидејќи брзо се подготвува и навистина е вкусен!
Состојки:
- 250 гр мелени бисквити
- 5 лажици шеќер
- 5 лажици мед
- 80 гр чоко флипс за внатрешниот дел
- 80 гр чоко флипс црн и бел за декорација
- 1 лажица какао во прав
- 150 гр чоколадо за колачи
- 2-3 лажици масло
Начин на подготовка:
- Растопете маргарин, шеќер, мед и какао. Тргнете го садот од рингла па додајте бисквити. Оставете да се излади.
- Во изладената маса измешајте чоко флипс. Масата ставете ја во калап или формирајте облик на тацна. Прелијте со растопено чоколадо и посипете со чоко флипс.
- Оставете во фрижидер неколку часа да стегне, па исечете коцки.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега