Пита хармоника со тиквици: Евтина, брза и крцкава вечера!

Пита хармоника со тиквици: Евтина, брза и крцкава вечера!

Кога ви се јаде крцкава пита, која се прави брзо и од евтини состојки, хармоника со тиквици е одличен избор.

Состојки:

  • 1 голема тиквица или 2 помали
  • 4 јајца
  • 500 мл јогурт
  • 1 лажичка сол
  • половина лажичка бибер
  • 100 мл масло
  • 500 гр кори за пита

Начин на подготовка:

  1. Исчистете ги и изрендајте ги тиквиците па посолете и додајте бибер. Измешајте и оставете да отстои и пушти вода. Разматете јајца и јогурт, па сè измешајте. Масата од јогурт додајте ја во тиквиците. 
  2. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Премачкајте длабока тепсија со масло, па свиткајте кори како хармоника на ширина од 2 см. Наредете кори една до друга. Така направете со сите кори, наредете ги една до друга, да бидат густо сложени. 
  3. Прелијте со маса од јогурт и тиквици. Ставете да се пече околу 45 минути.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text