Подгответе сочен ручек – пилешко месо со јогурт е јадењето кое ќе ве освои!
Состојки:
- 1 шолја јогурт
- 2 лажици маслиново масло
- 4 чешниња лук, мелен
- половина лажица оригано
- 1 лимон
- половина лажичка сол
- бибер
- магдонос
- 2 кг пилешко месо
Начин на подготовка:
- Во голем сад ставете јогурт, маслиново масло, лук, оригано, кора од лимон, 2 лажици сок од лимон, сол, бибер и магдонос.
- Сè полека измешајте и на крај додајте го пилешкото месо.
- Месото со маринадата ставете го во пластична кеса и држете го 30 минути во фрижидер.
- Месото со маринадата ставете го во тепсија. Печете 45-60 минути на 190 степени.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути
Брзо посно предјадење за целото семејство