Највкусното печиво со крем сирење (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Највкусното печиво со крем сирење (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

За доручек, ужина или вечера, подгответе го ова јадење по единствен рецепт.

Состојки:

  • 600-700 гр брашно
  • 30 гр квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 50 мл масло
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл млеко
  • 300 гр крем сирење
  • 100 гр путер
  • 3 јајца
  • сол
  • семки
  • крпупна сол

Начин на подготовка:

  1. Растопете квасец на малку млако млеко, додајте шеќер, потоа додајте 2 јајца и разматете со жица. Додајте го остатокот од млекото и јогуртот, масло, брашно и сол. Замесете средно, тврдо тесто да биде глатко, па оставете го околу 30 минути.
  2. Тестото развлечете го со сукало на половина сантиметар и исечете правоаголници, може и квадрати. Намачкајте со омекнат путер, а од горе со крем сирење.
  3. Долниот дел исечете го на ленти, а потоа свиткајте и составете. Ставете во калапи за мафини. Оставете го печивото малку да нарасне во калапите, па премачкајте со жолчки и посипете со семки и крупна сол. Печете на 200 степени околу 30 минути.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта