Најмеките домашни тортиљи: Рецепт од само 3 состојки, 5 пати повкусни од леб!

Најмеките домашни тортиљи: Рецепт од само 3 состојки, 5 пати повкусни од леб!

Се прават многу брзо и лесно, а можете да ги послужите наместо леб или полнети со омилениот фил…

Состојки:

  1. 1 шолја брашно
  2. 1 лажичка сув квасец
  3. 3 лажици пченкарно брашно
  4. малку млака вода

Начин на подготовка:

  1. Од наведените состојки со раце замесете глатко тесто. Кога ќе го замесите, тестото поделете го на помали топчиња, а потоа секое топче развлечете го со сукало на околу милиметар, така што ќе го собере во тава за палачинки. 
  2. Загрејте лажица масло на тава, а потоа печете ги тортиљите на слаба температура околу 12 минути (6 минути од едната, 6 од другата страна). 
  3. Топлите тортиљи послужете ги како што сакате – наместо леб, премачкани со омилениот фил, полнети со шунка и сирење, како домашно гиро со пилешко месо и помфрит…

 

Добар апетит!

Повеќе поврзани рецепти на Готви.Мк

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо