Чили од месо: Мексиканско јадење кое ќе го обожава целото семејство!

Чили од месо: Мексиканско јадење кое ќе го обожава целото семејство!

Пикантно, вкусно јадење кое ќе ве освои!

Состојки:

  • 2 црвени пиперки
  • 2 жолти пиперки
  • 2 зелени пиперки
  • 2 средни праза
  • 500 мл доматен сос
  • 2 конзерви црвен грав
  • 2 конзерви шери домат
  • ориз
  • 1 павлака
  • 3 големи лажици кумин
  • 1 лажица лута пипер
  • сол
  • бибер
  • 500 гр мешано мелено месо

Начин на подготовка:

  1. Во поголем лонец на малку масло пропржете ситно сечкан праз, па кога ќе се издинста ставете го меленото месо. Кога месото ќе се испржи, додајте ситно сечкани пиперки. Кога пиперките ќе омекнат, додајте конзерви шери домати, кумин, сол, бибер и лута пипер. Јадењето нека крчка на тивок оган околу час и половина. Пред самиот крај, ставете две конзерви црвен грав и измешајте. После десетина минути тргнете го јадењето од шпорет да се излади.
  2. Оризот згответе го со малку сол.
  3. Јадењето послужете го така што на чинијата прво ќе ставите ориз и ќе го прелиете со чили од месо и од страна ќе ставите лажица павлака.
  4. Уживајте во ова преубаво јадење!

 

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки