Американските палачинки се едноставно превкусни! Ви донесуваме едноставен и брз рецепт за овој вкусен десерт кој можете да го правите за доручек, или како десерт за семејството и пријателите.
Состојки:
- 2 шолји брашно
- 2 лажички прашок за печиво
- 1/2 лажичка сол
- 1 ванилин шеќер
- 2 шолји млеко
- 4 лажици масло
- 2 јајца
Начин на подготовка:
- Одвоено измешајте ги сувите и влажните состојки. Лесно спојте ги и матете со миксер 2-3 минути.
- На средна температура загрејте намастена тава. Со кутлача ставајте тесто на тавата. Печете околу минута (ќе знаете дека долната страна е печена кога на непечената страна ќе се појават меурчиња), превртете и полека испечете ја и другата страна.
- Палачинките можете да ги наредите една на друга, па прелијте ги со чоколадо, мед, јаворов сируп, додајте овошје, сладолед, по желба.
Уживајте!
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега