Брзо, вкусно и неодоливо! Одличен десерт ако немате многу време за подготовка на нешто вкусно…
Состојки:
- 8 белки
- 8 лажици шеќер
- 12 лажици мелени ореви
- 2 лажици брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
Состојки за фил:
- 2 кесички пудинг од ванила
- 375 гр маргарин
- 200 гр шеќер
- 500 гр наполитанки од лешник
- 200 гр чоколадо
- 2 шлага
Начин на подготовка:
- Разматете ги белките и додајте ги сите наведени состојки за кора. Испечете кора на средна температура.
- За филот згответе пудинг во млеко со шеќер. Кога ќе се излади, додајте маргарин и убаво соединете.
- Поделете го филот на два дела. Во едниот дел ставете издробени наполитанки, а во другиот растопено чоколадо. Филувајте по следниот редослед: кора, фил од наполитанки, фил од чоколадо. Разматете шлаг и распоредете го од горе и од страните.
Послужете и уживајте!
10 „убијци“ на вишокот калории
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
Диетален појадок што ќе ве држи сити
Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот