Овошна забава со Jogood!

Овошна забава со Jogood!

Одличната комбинација на висококвалитетен јогурт и внимателно одбрани парчиња овошје, преточени во новиот овошен јогурт Jogood, е извонредно освежување за летните горештини.

На плажа, во парк, на работа, на игралиште, во кое било време и на кое било место, оние што пробале знаат дека Jogood е совршена ужина за освежителна пауза.

Викендов што помина, охриѓани, како и присутните посетители и туристи, имаат можност да уживаат во овошната забава Jogood и да ги пробаат неодоливите вкусови на јагода, кајсија, вишна или шумско овошје. Промотивниот тим на Бимилк со своето уникатно возило Jogood претходно можеше да биде забележан и во Скопје од 18 до 20 јули на атрактивни локации во центарот на градот.

Во летниот период препорачливо е да се внесуваат поголеми количини течности и лесна храна, а идеален прехранбен продукт е токму јогуртот затоа што дејствува лесно и освежувачки. Затоа, не пропуштајте да го пробате вашиот нов омилен вкус на овошен јогурт што претставува лесна, хранлива и идеална освежителна ужина на високите летни температури.

Повеќе на Gotvi.mk:

8 докажани бенефити од пиењето јогурт

Jogood во чаша ‒ Овошна забава со секој залак!

singlepost_text