Пилешка супа со лимон и ориз

Пилешка супа со лимон и ориз

Едноставна за подготовка, а многу вкусна супа, која во комбинација со копар и лимон добива специфичен вкус.

Состојки:

  • 150 гр ориз
  • сол
  • 6 парчиња пилешко филе
  • бибер
  • 2 лажици масло
  • 2 главици кромид
  • зачин од сув зеленчук
  • 1 веза копар
  • 2 лимони

Начин на подготовка:

  1. Месото исечете го на коцки, зачинете и испржете на масло.
  2. Исечкајте кромид, па додајте го во месото и уште пржете. Потоа додајте ориз, ставете 2 л вода и гответе 15 минути.
  3. Исечкајте копар, додајте го во супата како и сокот од еден лимон. При сервирање украсете ја супата со гранче копар.

 

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула